Прегазено осумгодишно дете, со тешки повреди пренесено во болница

by Fokus

Дваесет и осумгодишен скопјанец со автомобил удрил во дете на возраст од осум години, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 14,20 часот на улицата “Христо Татарчев“ патничко моторно возило “Форд Фокус“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.Д.(28) од Скопје удрило во дете-пешак на возраст од осум години. Од незгодата со повреди се здобило детето кое со друго возило било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости