Прегазена е старица во Битола, со тешки повреди заврши во болница

by Fokus

МВР информира дека вчера во 15 часот било пријавено дека во Битола, на крстосница од ул. „Широк Сокак“ и ул. „11 Октомври“, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(43) од Битола, удрило во пешакот П.Ј.(77) од Битола.

Во несреќата П.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Поврзани новости