Прегазен старец во Неготино

by fokus

83-годишен старец од Неготино се здобил со тешки телесни повреди, откако бил удрен со автомобил од жител на Кавадарци, пренесуваат од МВР.

„На 09.09.2018 година во 19.20 часот во Неготино, на крстосница на улиците „Мaршал Тито“, „Борис Кидрич“ и ул.„Антигона“, патничко  возило „Фолксваген Шаран“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(61) од Кавадарци, удрило во пешакот Б.С.(83) од Неготино. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош лицето бил пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино“.

Поврзани новости