Предвремени парламентарни избори во Косово

by fokus

Во Косово утринава отворени се избирачките места и почна гласањето на предвремените избори за нов состав на Парламентот. Правото на глас ќе може да го остварат 1,8 милиони избирачи, од кои над 155 илјади гласаат за прв пат.

Со гласањето треба да да се стави крај на неколкумесечната политичка нестабилност и да се избере влада која ќе го потпомогне растот на работните места и ќе го зацврстува патот на земјата кон европската интеграција.

Денешните избори се третото гласање откако Косово прогласи независност од Србија во 2008 година и се спроведува една година порано од планираното, откако владата на премиерот Иса Мустафа изгуби на гласањето за доверба во Парламентот.

Кандидати номинираа сите 19 политички партии, пет коалиции и две граѓански иницијативи. Албанските партии излегуваат во три политички блока – Демократската партија на Албанците, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косво на лидерите Кадрија Вејсели, Рамуш Харадинај и Фатмир Љума. Во трка е и коалицијата на Демократскиот сојуз на досегаѓниот премиер Иса Мустафа, Алијансата на ново Косово на Беџет Пацоли и Алтернативата на градоначалничката на Ѓаковица Мимоза Кусари Лија.

 

Поврзани новости