Предновогодишна хуманитарна забава за социјално загрозените семејства и самохраните мајки

by Fokus 15:35
15:35

Дека хуманоста нема граници покажува и грижата на дел од граѓаните во Македонија кои пред празниците сакаат да им помогнат на социјално загрозените семејства и самохраните мајки.

За сите нив, на 18 декември, годинава во игротеката Буба Мара во скопската населба Маџари се организира предновогодишна забава со почеток во 12:30 часот.

- Advertisements -

Според организаторите Сања С. Панчева и Маја Евремовска, во игротеката ќе се појави и Дедо Мраз кој на дечињата ќе им подели пакетчиња, играчки, облека и многу други изненадувања.

Тие ги повикуваат сите кои сакаат да учествуваат во оваа хумана акција да се пријават на фејсбук профилот на Сања С. Панчева или на телефонскиот број 072-601-991

 

 

Поврзани новости