Предметот за Божиновски наместо во СЈО, на увид во Советот на обвинители

by fokus

Предметот за новинарот Зоран Божиновски наместо во Специјалното јавно обвинителство е предаден во Советот на јавни обвинители.

Од Основното јавно обвинителство информираат дека Советот на јавни обвинители го побарал овој предмет, кој СЈО минатата недела го бараше поради утврдување на надлежноста врз случајот.

„По враќањето на предметот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соодветно ќе постапи“, велат од Обвинителството.

Претходно, Катица Јанева го побара предметот за Божиновски со образложение дека се работи за предмет против лице кое неодамна било екстрадирано од Србија, а е дел од случајот „Шпион”, предмет кој веќе е во надлежност на СЈО.

Сепак, продолжува праксата на праќање на предметите што ги бара СЈО од другите обвинителства до Советот на јавни обвинители, наместо до СЈО. Пред неколку месеци Советот не ѝ ги даде на Катица Јанева предметите за „Маѓар телеком“, предметот Зоран Верушевски и за неговиот син, како и предметот „Поткуп“.

Поврзани новости