Предлозите на Заев за нови министри и заменици стигнаа во Собрание

by fokus

Предлозите на премиерот Зоран Заев за промени во владиниот кабинет и назначување на нови  министри и заменици министри во дел од министерствата стигнале до Собранието. Откако собраниските служби ќе ги архивираат, тие треба да бидат ставени на дневен ред на собраниска седница за гласање.

Заев ја предложува Нина Ангеловска за нова министерка за финансии. На позицијата заменик-министер за образование е предложена Елизабета Наумовска, професорка по физика, а на позицијата заменик-министер за економија Кире Колемишевски, дипломиран на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Правниот факултет. Меѓу предложените имиња е и Неџат Мехмедовиќ за заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Поврзани новости