Предлогот за разрешување на Зврлевски патува кон Собрание

by fokus

Откако на владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски, тој е потпишан од страна на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и е испратен до Собранието.

Сега, Собранието треба да закаже седница на која ќе го разгледува овој предлог. Зврлевски може да биде разрешен со 61 глас од пратениците.

Минатата недела Советот на јавни обвинители со мнозинство гласови го прифати владиниот предлог за разрешување на Зврлевски.

Поврзани новости