Предлогот на Заев за намалување на платата на буџетарите можно е да се разгледува на утрешната седница

by fokus

Предлогот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да се намали платата на јавната администрација на минималец, односно на 14.500 денари, се уште се разгледува, но можно е за овој предлог да се одлучува на утрешната владина седница, најави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

-Владата многу брзо, верувам дека уште и на утрешната седница ќе ги донесе мерките коишто се однесуваат за помош во приватниот и јавниот сектор. Ова е еден од предлозите, Владата уште го разгледува и ќе се изјасни по овој предлог, изјави Манчевски одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот на денешната прес – конференција го објави извештајот за бројот на вработени во јавниот сектор, за како што рече, да престане ширењето на лажните вести.

Според нивните податоци, до 31 декември 2019 година во јавниот сектор биле вработени 132. 900 лица во 1.324 институции. Бројот на вработени во јавниот сектро однос на минатата година се зголемил за 832 лица односно за 0,6 отсто и најголем број на вработувања имало во здравството.

Поврзани новости