Предлог -законот за забрана за објавување на „бомбите“ не е повлечен од Собрание

by Фокус

Предллог на закон за забрана за објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите не е повлечен, иако вчера излегоа информации дека претседателот на Собранието, Трајко Вељановски го пратил на доработка. Законот е веќе официјално објавен на страната на Собранието и ставен во процедура за донесување по скратена постапка.

Единствените, кои што можат да го вратат назад сега се предлагачите, пратениците на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ,  Талат Џафери и Крсто Мукоски.

Откако вчера излезе предлог – законот за забрана за објавување на „бомбите“ , јавноста жестоко реагираше. Социјалните мрежи беа преплавени со веќе објавените „бомби“, а денеска во 18 часот ќе има и протест пред Собранието.

Поврзани новости