Предизборно тампонирале улици, кандидат за градоначалник делел материјал во конфекција

by fokus

Билтенот на Министеството за внатрешни работи открива низа неправилности и прекршувања на Изборниот закони во текот на вчерашниот ден.

Во Полициска станица Пробиштип 46-годишниот Т.Т. пријавил дека од страна на еден од кандидатите за градоначалник за време на предизборниот молк во една конфекција бил оставен пропаганден материјал кој потоа бил делен на вработените.

Полицијата во Новаци добила дојава дека во селото Далбеговци дека има прекршувања на изборниот молк и од страна на непознати лица со градежна механизација се извршувало тампонирање на улици низ селото.

„На лице место е излезено од полициски службеници и е констатирано дека од страна на фирма „Стентон градба“ се извршуваат градежни работи тампонирање на улица во селото при што се затекнати повеќе работници. Извршен е разговор со шефот на групата градежен техничар Т.В.(61) од Битола, при што истиот изјавил дека од страна на неговите претпоставени од „Стентон градба“ добил налог за продолжување на градежните работи во с.Далбеговци. Во консултација со Секторот за внатрешни работи Битола и по инструкции на јавен обвинител работните активности биле прекинати и на одговорниот му беше укажано да не продолжуваат со работа. Увид извршен од увидна група од СВР Битола“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Во 13,00 часот вчера вработена во Општина Струмица пријавила дека на 14.10.2017 околу 03,00 часот на ул. Мануш Турновски , Маршал Тито, Илинденска и Ленинова во с.Ново Село вршено е делење на пропагандни изборни флаери со негативна содржина за еден од кандидатите за градоначалник на с. Ново Село, од страна на активист на политичка партија.

Полицијата регистрирана неколку инциденти синоќа со внадализирање и каменување на партиски штабови. Искрчено е стакло и одземен телевизок во шраб на политичка партија во Битола. Искршен е штаб и на политичка партија во Скопје на ул.„Димитар Туриманџовски“ во Трговскиот Центар „Лисиче“. Во Кавадарци непознато лице го оштетило стаклото на информативен центар на кандитат за градоначалник. Скршено е предното стакло од објектот-излог на кој имало залепено реклама и пред објектот е расфрлан пропагаден материјал на кандидатот со што е причинета материјална штета од 5.000 денари.

Во село Петровец е пријавено дека вчера во 15.00 часот непознато лице кинело плакати на политичка партија.

Доставена е писмена пријава дека С.П. од с.Стајковци извршил прекршување на изборниот молк со делење на флаери со навредлива содржина против еден од кандидатите за градоначалник на Општина Гази Баба.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 13:50 часот член на избирачки одбор во селото Стајковци, заедно со претседателот Б.Т. и уште еден член, откако завршиле со гласање на стари и изнемоштени лица ја донеле кутијата со гласачки ливчиња во основното училиште „Кирил и Методиј“, со цел да се затвори гласањето. Во тој момент дошол Т.Б.-носител на советничка листа во Гази Баба и го повикал С.С. во дворот каде започнал вербално да му се заканува со погрдни зборови, по што се оддалечил во непознат правец.

Поврзани новости