Предан: Со португалскиот предлог двете страни може да живеат

by fokus

Прашањето Скопје – Софија може да се реши само со трпелива и тивка дипломатија, во отворен дијалог на сите фактори Софија, Скопје, Брисел, Љубљана. Потоа важна е улогата на Берлин, Париз и на Вашингтон. Јас сум умерен оптимист затоа што не можам да верувам дека и после трет пат и два интензивни обиди и на германското претседателство и на португалското, мислам дека е „трета среќа“. Имаме на маса неколку предлози, вклучително и португалскиот предлог.  Ќе се обидеме да работиме токму на португалскиот предлог, тоа е заедничка оценка на сите држави членки. И американските оценки се такви, дека тоа е еден добар документ со кој, така да речам, двете страни може да живеат.

Ова го изјави словенечкиот амбасадор Милан Предан во дневникот на Сител телевизија, каде говореше за тоа дали ќе има старт на преговорите за Северна Македонија за време на словенечкото претседателство со ЕУ, дали португалскито предлог е се уште на маса и како Словенија гледа на ветото од Софија за Скопје.

Тој најави дека на повидок се некои решенија, кои можат да ги задоволат интересите на сите страни, бидејќи, како што потенцира, сосема е јасно дека тоа што сега се случува му штети на нашиот кредибилитет.

Амбасадорот Предан оцени дека тоа не е само проблем на Бугарија или на С. Македонија, туку е проблем на ЕУ и на целиот регион. Ако тоа успееме да го решиме, подвлече, тоа во целиот регион ќе има позитивно влијание и луѓето ќе почнат да веруваат дека проширувањето на ЕУ со Западен Балкан не е само политичка синтагма, туку ЕУ навистина мисли сериозно.

– Не сакам да ширам лажен оптимизам, не можеме да ветиме политичко чудо, но можам да кажам дека сме исклучително мотивирани да го решиме прашањето Скопје – Софија и ја имаме поддршката од сите 26-членки на ЕУ и сите имаат интерес да се реши ова прашање. Ние веќе работиме на неколку можни сценарија за тоа како можеме да им пристапиме на некои работи, рече амбасадорот Предан.

Прашан дали пред јавноста може да каже дали се загарантирани позициите на македонскиот идентитетот и на јазикот во португалскиот документ,  словенечкиот амбасадор е дециден во одговорот дека се загарантирани.

Поврзани новости