Пред четири години тврдеше дека е снимена без да знае, сега кажа дека не може без да се снима во кревет!

by fokus

Фолк пејачката Марија Луиса Тодоровска (29) пред четири години се најде во центарот на вниманието, откако се појавија нејзини експлицитни видео снимки. Битолчанката тогаш беше видно вознемирена поради содржината на клиповите која стана топ тема, па во интервју за ,,Фокус” се обиде да и појасни на јавноста што навистина се случило.

Раскажа дека била во врска со момче кое не живее во Македонија и верувала дека се сакаат. Без нејзино знаење тој ја снимил, а потоа по прекинот на нивната врска, започнал да им ги праќа снимките на нејзини пријатели.

-Мои пријатели од него добија видео клипови, кои за некого можеби се со порнографска содржина, но за мене тоа е само љубов, во која што сум верувала цели две години. Затоа, на сите кои што го виделе видеото со мене, сакам да им појаснам дека тоа не е никакво порно, туку снимка од двајца млади, кои некогаш биле вљубени.

Јас не сум и никогаш нема да бидам порно актерка, и сум навистина вознемирена од сето ова што ми се случува деновиве. На тие што сакаат да судат, би им порачала да не избрзуваат со коментари и ставови, бидејќи тоа на секој може да му се случи.

Ако не вам, можеби на некој ваш близок, бидејќи сите знаеме колку е технологијата застапена во животот на народот, посебно на младите луѓе.

Два видео клипа со мене се снимени најверојатно со мобилен телефон, без мое знаење. Има и една видео монтажа со мене. Сега се тргнати од интернет, но сите кои што ги гледале треба да ја дознаат вистината – ни изјави пејачката пред четири години, кога беше актуелна приказната за видео клиповите.

Додаде дека поранешното момче го пријавила во полиција, ангажирала адвокат, а правдата ќе ја барала на суд.

Но, четири години по настанот кој тогаш видно ја вознемири, Тодоровска деновиве изненади со одговорите на тема снимање со партнерот во кревет.

Таа беше гостинка во шоуто на јутјуберот Стефан Лазаров, каде откри дека за неа најголем фетиш е да се снима додека води љубов.

-Ако не сум се снимала додека имам секс, исто како да сум го немала! – изјави битолчанката.

По трауматичното искуство од минатото, за кое тогаш раскажа дека многу ја потресило, најверојатно Тодоровска повеќе нема страв доколку евентуално некои од приватните клипови повторно испливаат во јавност. Во шоуто одговараше на многу скокотливи прашања, без предрасуди и заобиколување.

Инаку, таа е присутна на сцената околу една деценија. Има редовни настапи во локали, а пред пандемијата беше честа гостинка и кај нашата дијаспора.

Вики Клинчарова

Поврзани новости