Пред 3.500 лица со негативен тест во публика, Македонија настапува шеста на Евровизија!

by fokus

Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев ќе настапи шести во првото полуфинале во Ротердам, Холандија на 18-ти мај.

Годинава, поради пандемијата со корона вирус, дозволено било во публика да присуствуваат 3.500 лица, кои задолжително мора да приложат негативен тест на вирусот.

Воедно, настанот со публика ќе биде и еден вид на тестирање кое го спроведува холандската влада.

Покрај Македонија, во првата полуфинална вечер ќе настапат и Литванија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар, Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина и Малта.

Вики Клинчарова

Поврзани новости