Празничен протест на Македонците во Холандија

by Фокус

Како поддршка на протестите во Македонија, за денеска во 14 часот е најавен протест во Холандија пред Палатата на мирот за солидарност.

-Оние кои ја сакаат Македонија, а се срамат од нејзината Влада и претседател денес ќе празнуваат протестирајќи во солидарност со сите вас кои секој ден веќе две недели ја градите идната праведна Македонија. Ќе се собереме во совршена симболика – пред Палатата на мирот каде седиште има Меѓународниот суд на правдата, објавија од „Протестирам“.

Во Македонија протестите се во мирување за време на празницте, но и покрај тоа помала група на граѓани секој ден со собира пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости