„Правда за Тамара“

by Фокус

Поголема група граѓани и активисти денеска протестираа пред зградата на Јавното обвинителство во Скопе поради молкот на оваа институција за одговорните за смртта на малата Тамара.

„Убијци, убијци“, „Правда за Тамара“, викаат насобраните граѓани.

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска праша зошто обвинителството го штити министерот за здравство Никола Тодоров?

-Тој е највиновен за смртта на Тамара, толку ли ви е страв од него што една година ништо не смеете да му направите додека си седи се уште во фотелја, праша мајката на Тамара.

Јавното обвинителство вчера објави дека биле повикани повеќе лица да ги дадат своите изјави, дека повеќе лица се осомничени за кривичното дело – несовесно работење во службата, како и дека по завршување на сослушувањето, ОЈО ќе донесе мериторна јавно-обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.

Помина една година откако почина Тамара Димовска, а Јавното обвинителство сѐ уште се нема изјаснето по кривичните пријави против одговорните за нејзината смрт.

фото А1он

Поврзани новости