„Правда за Груевски“: Поддршка за Груевски, неговата борба е и наша борба

by fokus

На вечерашниот протест за правда на Никола Груевски пред Кривичниот суд, беа упатени пораки за поддршка на поранешниот премиер.

-Вечерва самоиницијативно како членови на ВМРО-ДПМНЕ се организиравме и се собравме да упатиме пораки. Јасно е дека ова што се случува на Груевски е политички прогон. Во случајот ТЕНК, доказот се уште е во Владата на РМ. СЈО има цел за уништување на политичката елита на ВМРО. Сите обвиненија на СЈО се базирани на незаконски начин. Ги охрабруваме судиите да работат во согласност законот на РМ
Го повикуваме претседателот на РМ, да донесе одлука со која ќе го прекине овој политички прогон во РМ.
Упатувам јавна поддршка до Груевски. Фала му за се што направи, неговата борба е и наша борба. Да знае дека македонскиот народ нема да го остави, изјави Александар Трајковски.

Поврзани новости