Пратениците во Париз ќе „учат“ морално однесување

by fokus

Народните избраници ќе се учат на етичко однесување во Париз каде ќе се одржат средби меѓу власта и опозицијата за подобрување на дијалогот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека во рамки на процесот инициран од Европскиот парламент, во фокусот на средбите ќе бидат две теми, „Собранискиот деловник“ и „Етичкиот кодес на пратениците“.

Претходно и невладиниот сектор побара од Собранието да донесе кодекс на етика.

Според Транспаренси Интернешнл – Македонија и Центарот за економски анализи на овој начин, со повикување на својата морална одговорност, ќе се реши проблемот се наплатата на нереално високи надоместоци за патни трошоци на пратениците.

„Со тоа ќе се постави рамка за етичко однесување на пратениците во ситуации кога одредено однесување иако е легално, не е етичко, како во овој случај. Со донесувањето на ваков кодекс Собранието истовремено ќе ја исполни и препораката на ГРЕКО од извештајот за усогласеност од четвртиот круг на евалуација, а кој меѓу другото се однесува на превенција на корупција меѓу членовите на парламентот“, соопштија од таму пред извесно време.

Поврзани новости