Пратениците се вакцинираат со „Спутник В“

by fokus

Во салата „А1 арена“ утрово почна вакцинацијата на пратениците. Тие, како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, се имунизираат со вакцината „Спутник В“.

-Денеска, како дел од вработени во критична инфраструктура, ќе се вакцинираат пратениците и дел од стручните служби што не се вакцинираа претходниот пат. Ќе ја примаат вакцината на „Спутник“ и денеска процесот е организиран во три групи. Паралелно со нив, во салата тече и вакцинацијата на постарите граѓани над 73 години, рече Филипче.

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува дека по имунизацијата, понатаму и со втората доза, работата на законодавниот дом да се врати во нормала.

Поврзани новости