Пратениците повикани во 15 часот да бидат присутни во Собранието за седница за законот за ЈО

by fokus 14:07
14:07

Постои можност денеска Собранието во 15 часот да одржи седница на која ќе се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА собраниски извори, но сепак седницата се уште не е објавена на официјалниот сајт на законодавниот дом.

Пратениците биле повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот,  кога треба да се одржи седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија, потврдија за МИА извори од владејачкото мнозинство.

- Advertising -
"

Расправата за законот се очекува да заврши денеска, евентуално да се гласа денеска, но можеби и следните денови. Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, со цел да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

Поврзани новости