661
На состанокот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа пратениците од оваа партија потпишале изјава дека нема да гласаат во Собранието за уставни измени за спорот за името, дознава Алсат М од неофицијални извори. Според информациите потпишаните изјави биле доставени до партиското седиште.
Во првата официјална средба по референдумот, ВМРО ДПМНЕ синоќа констатираше дека нема да го поддржи договорот со Грција во Парламент со што ќе бидат неизбежни предвремени парламентарни избори.
Се наведува ека нивната парламентарна група е обединета и се спротивставува на промена на уставното име. Во случај на тајно гласање во Собранието, координаторот на парламентарната група на ВМРО ДПМНЕ, Драган Данев, рече дека ќе ја напуштат парламентарната седница.