Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чинат 55.000 евра месечно, велат од СДСМ

by Fokus

Неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ги чини над 55.000 евра месечно, реагираат од владејачката партија.

„За основните плати на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци, исто така врз грбот на граѓаните. Наместо да ги заработат овие 55.000 евра месечно тие не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат, се надвикуваат, покажуваат нервоза и прават штета на граѓаните кои ги плаќаат.Кога веќе решиле намерно да не работат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, патни трошоци и мобилни телефони.Над 55.000 евра месечно во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства, посочуваат од СДСМ.

Поврзани новости