Пратениците на ЛДП не гласаа за министерот на ДПА, сметаат дека е вирус во здравиот владин организам

by fokus 08:30
08:30

Пратениците од Либерално-демократската партија, дел од коалицијата на СДСМ не гласаа за избор на Бардул Даути од ДПА за министер без ресор за привлекување странски инвестиции, место кое го добија откако премиерот Зоран Заев го прошири владиното мнозинство.

Партискиот лидер, Горан Милевски, како и пратеничките Јулиана Николова и Никица Корубин освен против ДПА на Мендух Тачи, биле и против влезот на Сојузот на Ромите на Амди Бајрам во владејачкото мнозинство, бидејќи како што изјавиле од партијата за порталот А1он, ДПА и Бајрам се вирус кој се внесува во здравиот владин организам.

- Advertisements -

Поврзани новости