Пратениците на ДПА на Шар Планина

by Фокус

Најистакнатите пратеници на ДПА, Имер Алиу, Беким Фазлиу и Орхан Ибраими, ја зајакнуваат физичката кондиција во пресрет на новата собраниска сезона. Тие на фејсбук објавија фотографија како планинарат на Шар Планина, под која некој иронично прокоментирал дека им недостасува уште струшкиот градоначалник Зијадин Села.

За разлика од Села, кој му се спротивстави на партискиот лидер Мендух Тачи, барајќи негова смена, Алиу, Фазлиу и Ибраими му останаа верни на Тачи.

Поврзани новости