Пратениците Мукоски и Василевски кои ги отворија вратите на Собранието на „крвавиот четврток“денеска на распит во Обвинителство

by Fokus

Пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски денеска треба да се појават во обвинителството на распит за насилството во Собранието на 27 април годинава, во јавноста познат како „крвавиот четврток“.

Од снимките од безбедносните камери кои беа објавени во јавноста, се гледа дека двајцата опозициски пратеници се меѓу оние кои се наоѓаат во ходникот кај главниот влез во собраниската зградата, кои ги отвораат вратите за да влезе толпата внатре.

Пред неколку недели, истражители и обвинители од организиран криминал биле во собранието да извршат увид на локациите каде се случил упадот и каде се движеле групите демонстранти.

Обвинителите ја почнале прошетката и проверката првин на двете централни собраниски врати кои на 27-ми април ги отворија токму пратениците Василевски и Мукоски.

Поврзани новости