Пратениците ќе одмараат до 15 јануари

by fokus

По последниот работен ден во 2017 година кој беше на 28 декември, пратениците ќе се вратат на своите работни места дури на 15 јануари. Тогаш се закажни првите седници во Собранието во 2018 година.

На 15 јануари е закажана седница на Комисија за европски прашања, на тема Презентација на Програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јануари – јуни 2018 година, претставени од страна на Амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Н.Е. Иван Великов Петков.

Инаку, пратениците се едни од најпривилегираните функционери во држвата, а статистиката покажува дека просечна плата на еден пратеник е околу 1.300 евра.

Поврзани новости