Пратениците ќе гласаат за ратификација на влезот во НАТО

by fokus

Собраниската Комисија за надворешна пиолитика денеска едногласно го поддржа Предлог законот за ратификација на Северноатланскиот договор, по што треба да се усвои и на денеска закажаната свечена пленарна собраниска седница со присуство на целиот државен врв и на високи претствници на земјите од регионот како и од Парламентарното Собрание на НАТО.

Како што образложи заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, Северноатлантскиот договор содржи 15 члена од кои колективната одбрана се смета за главен принцип или темел на сојузот. При тоа, рече правото на самоодбрана се смета за основно право на секоја држава предвидено со Повелбата на ОН. Важно е да се напомене и дека според член 3 од Договорот секоја од државите во овој сојуз треба да изгради и да поседува сопствени одбранбени капацитети како и дека страните ќе ги развиваат исто така и колективните капацитети за спротивставување на вооружени напади.

Постапката за пристапувањето на земјата во НАТО, додаде, ќе се смета за завршена со предавање на инструментот за пристапување на земјата до владата на САД како депозитар на Северноатланскиот договор. Нагласи и дека спроведувањето на Договорот ќе предизвика финансиска обврска за државата и определчување на дополнителстви средства од буџетот.

По куса пауза беше отфрлен предлогот во предложенииот законски текст да се интеревенира во член 4 со кој ќе се посочи на очекуваната ратификација на Протоколот за НАТО во Шпанија која треба да се случи во текот на март месец.

Се предвидува денешната ратификација која предвреме се ратификува поради предвремените парламентарни изброи на 12 април, да стапи во сила со денот на објваувањето во Службен весник, а по ратификацијата на Шпанија.

Процесот на пристапување во НАТО за Северна Македонија започна во февруари лани со потпишување на Догворот за членство од страна на сите 29 земји членки на Алијансата. Договорот досега е ратификуван од 28 членки, а откако Шпанија ќе го ратификува и депонира инстументот во Вашингтон, по известување од генералниот секретар Јенс Столтенберг и Република Северна Македонија треба да го стори истото. Со тоа станува полноправна членка на Алијансата.

Поврзани новости