Пратеникот на Ѕинго, Стојан Миланов, доби кривична пријава откако одби да гласа за уставните измени, вели Ѓорчев

by fokus 14:55
14:55

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, при поставување пратеничко прашање до премиерот на денешната седница ги прокоментира последните случувата во Собранието. Според него желбата за ревашизам на актуелната власт е поголема од желбата за креација и исполнување на ветените капитални инвцестиции.

-Пратеникот Стојан Миланов, пред две недели не гласаше за уставни измени и завчера доби кривична пријава. Ние сме во Собрание каде што буквално во 7.00 саат може да те ослободат од затвор за да гласаш во 9.00 навече и после тоа е во ред. Ваква состојба во Македонија 60 години наназад немало. Сите се во грч, нема правда, има само неправда. И затоа никој ништо не потпишува. Луѓето се плаашт, никој  не сака да си стави трн во нога. Затоа 27 отсто капитални инвестиции, ова е фијаско невидено. Треба да ги приберете луѓето кои работат затоа што целосно потфрлиле – рече Ѓорчев.

- Advertisements -

Тој го повика премиерот, Зоран Заев, на тв дуел со лидерот на опозицијата каде ќе дебатираат за економските состојби и капиталните инвестиции.

Поврзани новости