Пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ станува независен

by fokus 19:23
19:23

Се намалува бројот на пратеници во опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ: Чедомир Саздовски ги напушта редовите на ГРОМ и станува независен пратеник, објави денеска телевизија Телма.

Оваа неофицијална информација брзо се прошири во политичките кругови. Саздовски, еден од двајцата пратеници од ГРОМ, не одговара ниту потврдно, ниту негативно. Потпретседателот на партијата, Љупчо Пренџов, вели дека прв пат слуша за ваква можност, а во Собранието сеуште нема официјално известување до службите за некакви промени во составот на пратеничките групи.

- Advertising -

Името на Саздовски често се споменува во партиските комбинаторики. До пред неколку години, беше член на СДСМ, но ја напушти во  2013 година, токму за последните локални избори, кога изрази несогласување со ставот да не се учествува на локалните избори. Прво настапи со Социјал-демократската унија, а потоа му се придружи на Стевчо Јакимовски во формирањето на ГРОМ. Важи за еден од неговите најблиски соработници, а сега е заменик координатор на шестата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Поврзани новости