Пратеник на Петков ги бара од Македонија моштите на Самоил кои се во Грција

by fokus

Бугарскиот пратеник од партијата на Кирил Петков, „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев, денеска побара од Македонија како знак на добра волја да и ги предаде на Бугарија моштите на Цар Самоил. Но, моштите не се во Македонија, туку во Грција.

-Северна Македонија и наложеното вето за пристапување во Европската унија не е водечко прашање за народот во моментов. Нема да го укинеме ветото доколку Северна Македонија не даде гаранции и гестови дека ќе ги исполни своите обврски. Еден таков гест е враќање на коските на цар Самоил кај нас, изјави пратеникот Сабрутев за БНТ.

Коските на царот Самоил се во Солун и Бугарија долго време преговара со грчките власти за нивно враќање. Грција е подготвена да ги замени за коските доколку добие неколку стари византиски ракописи, кои сега се наоѓаат во Бугарија, но  бугарските историчари, особено проф. Аксинија Џурова, која ги чува овие византиски ракописи, одбиваат да ја направат оваа размена.

Поврзани новости