Пратеничките на ДОМ нема да бидат дел од пратеничката група на СДСМ

by fokus 20:17
20:17

Пратеничките од ДОМ Лилјана Поповска и Маја Морачанин нема да бидат дел од пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ во Собранието, пренесува телевизија 24.

Во известувањето до Претседателот на Собранието,Талат Џафери од координаторот на ПГ на СДСМ и партнерите единствено партијата ДОМ не е наведена како дел од пратеничката група предводена од СДСМ.

- Advertisements -

Пратеничката Маја Морачанин од ДОМ за ТВ 24 вели дека тоа е во координација со СДСМ и дека не се менува ништо суштинско во нивното делување како дел од коалицијата  предводена од СДСМ.

 

Поврзани новости