Пратеничката од ДПМНЕ, Нола Исмајлоска ги избриша податоците дека дипломирала на скопскиот Медицински факултет

by Fokus

Пред речиси една година „Фокус“ објави дека пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска – Старова не дипломирала на скопскиот Медицински факултет, како што пишуваше во нејзината бниографија објавена на веб страната на Собранието. За тоа потврда добивме и од самиот факултет, од каде што ни нагласија дека таа повеќе не се води и како активен студент.

Исмајлоска е народен избраник и во новиот пратенички состав, после предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 декември, 2016 година. „Фокус“ повторно ги провери нејзините податоци на веб страната на Собранието, но за разлика од претходно, сега не можат да се најдат информации колку години, од каде доаѓа и какво образование завршила. Единствено можат да се најдат нејзините активности во Собранието, односно во колку комисии членува.

Во биографиите на сите пратеници објавени на веб страната може да се забележи дека се објавени сите податоци за нивното образование, освен кај Исмајлоска.

Таа е една од најмладите пратенички во последниот состав, која на 29 годишна возраст седна во собраниските клупи, а беше шеста по ред на кандидатските листи за пратеници во петтата изборна единица, каде што носител беше Антонио Милошоски.

И.М.

Поврзани новости