Пратеничката Николова: Не може државата да ми каже дали ќе користам канабис!

by fokus 14:38
14:38

Здружението на млади европски федералисти „ЏЕФ” и Здружението за канабис и зелени политики „Билка” одржуваат панел дискусија на тема „Декриминализација на канабисот, сега”. На панелот се обрати пратеничката на ЛДП, Јулијана Николова, која рече оти е убедена дека Собранието ќе го декриминализира канабисот во рекреативни цели, пренесе Макфакс.

„Ризикувам да бидам криминалец, ако консумирам канабис во рекреативни цели”, рече Николова и додаде дека иако никогаш лично не пробала, сепак, тоа не би требало да влијае врз можноста останатите граѓани тоа да го направат.

- Advertisements -

„Не може државата да ми каже дали ќе користам канабис”, рече Николова. Како позитивни примери ги посочи Канада, Холандија, Чешка и Португалија. Пратеничката рече дека е неприфатливо луѓе да бидат третирани како криминалци, ако дома одгледуваат 2 или 3 стебла марихуана поради здравствени причини.

Поврзани новости