Познати носителите на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 5 јуни, пишува Пресс 24 повикувајќи се на високи партиски извори.

Министерот за надворешни работи пак, Никола Попоски ќе ја предводи листата на владејачката партија во втората изборна единица.

Координаторот на пратеничката група, Илија Димовски ќе ја предводи третата изборна единица, додека министерот за здравство, Никола Тодоров четвртата.

Антонио Милошовски е носител на кандидатска листа во петтата, а во шестата изборна единица е пратеникот, Влатко Ѓорчев.

Останатите три големи партии, потписнички на Договорот од Пржино – СДСМ, ДУИ и ДПА, најавија дека нема да поднесат листи, односно нема да излезат на избори на 5 јуни.

Поврзани новости