Познати фирми купувале канцеларии и веднаш ги продавале на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Познати градежни компании во 2015 година купувале деловни простории од ЕВН Македонија и од јавното претпријатие Македонски шуми и по неколку месеци ги продале на тогаш сѐ уште владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за нешто повисока цена, пренесува Призма.

Според информациите на медиумот, тоа се градежните компании „Бауер БГ“ и „Жикол“, кои во десетгодишниот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ работеле на повеќе државни проекти откако биле избрани на тендери.

Во акција кај кој се препознава образец, ВМРО-ДПМНЕ купила четири деловни простории или вкупно околу 800 квадрати во Ресен, Крушево, Гази Баба и во дебарското село Мал Папрадник. Првиот случај е во Гази Баба.

Поврзани новости