Познати фаворитите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за уставни судии

by fokus

Иако се уште официјално партиите не ги открија своите фаворити за уставни судии, веќе се познати имињата кои ќе ги предложат за испразнетите места во Уставниот суд. Па така, како предлози од СДСМ, покрај републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се спомнуваат и Фатмир Скендер кој е судија во Апелација, избран во 2013 година, и Тања Васиќ, која беше правен советник во Министерството за здравство, а подоцна и во правда.

Како предлози од опозицијата пак се споменуваат имињата на Тодор Витларов, кој е виш јавен обвинител, професорот Саво Климовски, како и професорката Родна Живковска.

Уставниот суд функционира без четворица судии на кои им истече мандатот.

В.В.

Поврзани новости