Позната српска новинарка пронајдена мртва во својот стан

by fokus 11:30
11:30

Позната српска новинарка, 58-годишната Драгана Трипиќ, била пронајдена мртва во својот стан, а телото на новинарката го нашла нејзината ќерка, пренесува Курир.рс.

Според првичните информации, постојат сомненија дека таа се обесила.

- Advertisements -

Како што се дознава, ќерката на Драгана рекла во полицијата дека мајка ѝ била депресивна поради кредитот кој го имала во швајцарски франци.

Нејзината последна објава на Твитер се однесувала токму на борбата на корисниците на овие кредити во банките.

Драгана е родена на 16 мај 1961 година, а популарноста је стекнала како новинар во неколку белградски редакции. Учествувала и во неколку реални шоуа.

 

Поврзани новости