Позната е судбината на Јирген Клоп

by Fokus 10:37
10:37

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе остане во клубот, објави „Скај спорт Германија“, повикувајќи се на германскиот агент Марк Косике.

Косике изјави дека 53-годишниот Германец ќе остане во англискиот клуб, дури и ако тимот не се квалификува во Лигата на шампионите на крајот на сезоната. Договорот на Клоп истекува во летото 2024 година.

- Advertisements -

Клоп го предводи Ливерпул од октомври 2015 година. Со „црвените“ тој стана шампион на Англија и ја освои Лигата на шампионите.

Ливерпул по 33 натпревари, е седми во Премиер лигата со 54 бода. Тимот е на 7 бода од Челзи, кој е на четвртото место, кое пак обезбедува учество во Лигата на шампионите

Поврзани новости