Позната е причината за пожарот кај Карбинци

by Fokus

Пожарот кој вчера избувна во Карбинци настанал во трафостаница на ЕВН во селото во 15 часот, пренесуваат од Министерството за внатрешни работи.

„Пожарот зафати стрниште, лозја, овошки, дел од шумски појас, викенд куќа сопственост на Д.Г., систем за наводнување и гаража сопственост на С.С.(62) од Штип“, се вели во соопштението.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Штип.

Поврзани новости