Познат е идентитетот на убиената гостиварка: Соседите зачудени од настанот

by Fokus

Шеесетгодишната гостиварка Џ.И. утрово е најдена мртва во семејниот дом со повеќе рани од остар предмет. Осомничен е сопругот, 67-годишниот Б.И. по кој полицијата трага.

Настанот видно ги вознемири повеќето соседи во гостиварската населба Бањешница кои од утрово се обидуваа да разберат што се случило во нивна близина. Повеќето беа зачудени од настанот, бидејќи како што рекоа, биле сосема нормални луѓе и ништо не навестувало дека утрово ќе има трагичен исход.

Поврзани новости