Познат бизнисмен еден од жртвите во авионската несреќа

by fokus 18:12
18:12

Еден од шестмината патници кои вчера загинаа во кобната авионска несреќа е и бизнисменот Висар Бегај, познат по бизнис круговите во Косово.

Претходно дел од медиумите јавија дека во авионот бил и неговиот брат, но роднините демантираат и информираат дека за време на несреќата тој се наоѓал во Хрватска. Тој во последен момент се прекачил во друг авион кој слетал во Загреб, а требало да пристигне во Приштина на истиот аеро- митинг.

Како што јави 24 Вести, починатиот Висар Бегај имал намера да инвестира во спортски аеродром.

Со приватниот авион од марка „Пејпер” полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација била Приштина. Над Македонија авионот требало да изврши прелет и бил пријавен на скопскиот аеродром за дополнување гориво. Четири минути подоцна се срушил на десетина километри од аеродромската писта.

Поврзани новости