Позитивците потпишуваа преддоговори за бизнис со граѓаните

by Фокус 14:13
14:13

Коалицијата за Позитивна Македонија пред трговскиот центар Сити Мол, денеска потпишуваше преддоговор со граѓаните. Со договорот КПМ се обврзува на потписникот да му овозможи почнување на сопствен бизнис во сферата на производни бизниси. Средствата ќе бидат обезбедени на основа понуден проект и тоа во рок од 6-шест месеци од денот на формирање на Владата во која ќе учествува КПМ.

Претседателот на Алијансата за шпзитивна Македонија, Љупчо Зиков потсети на големиот проект кој стои во програмата на КПМ, презентиран на конвенцијата која е одржа викендов во Универзална сала, со кој ќе се реализираат 100.000 нови работни места во период од четири години во реалниот сектор, и тоа 30.000 во првите 365 дена во идна Влада на КПМ или Владата во која Позитивна Македонија ќе учествува,.

– Во првата година, Владата ќе ја докапитализира и ќе го зголеми кредитниот потенцијал на Македонската Банка за Поддршка на Развојот (МБПР) која и понатаму ќе остане државна банка – вети Зиков.

- Advertising -

Поврзани новости