Пожарот во Нотр Дам бил предизвикан ненамерно?

by fokus 14:13
14:13

Јавниот обвинител на Париз, Реми Хајтц денеска изјави дека пожарот што ја опустоши париската катедрала Нотр Дам бил предизвикан ненамерно, додавајќи дека „ништо не оди во насока на намерен чин”.

– Пет претпријатија работеа на катедралата. Од денеска почнаа сослушувања на работниците во овие претпријатија. Предвидени се петнаесетина сослушувања. На градилиштето вчера биле присутни петнаесетина работници, изјави Хајтц на прес-конференција пред Нотр Дам, додавајќи дека управата на судската полиција во Париз мобилизирала речиси 50 инспектори за оваа истрага.

- Advertisements -

Обвинителот објасни дека првата тревога за пожар била дадена во 18.20 часот, но по проверката согласно процедурите не бил регистриран оган.

– Втората тревога беше во 18.43 и тогаш огнот беше воочен на покривната рамка. Во меѓувреме, црквата беше евакуирана откако мисата започнала порано, додаде Хајнц.

Тој нагласи дека истрагата за пожарот ќе биде „долга и сложена“, ветувајќи дека Обвинителството „ќе ги стави на располагање сите средства, за да се дојде до вистината и да се дознае причината за овој страшен оган”.

Поврзани новости