Пожарот во Дебар Маало изгаснат, повреден еден пожарникар

by Fokus

Еден пожарникар е повреден при гаснењето на пожарот во стан на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески за МИА изјави дека пожарникарот е пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде се вршат потребните испитувања.

Пожарот е локализиран и се работи на расчистување. На терен интервенирале 17 пожарникари со седум возила.

Во пожарот изгора три стана, од кои еден дуплекс.

Поврзани новости