Пожарот во Будинарци се уште е активен, романскиот авион се приклучува во гаснењето

by fokus

Утринава продолжува борбата со пожарот во Будинарци. Во гаснењето денеска ќе се вклучи и противпожарниот авион од Романија.

-Во текот на ноќта пожарот имаше променливо темпо, сега е малку стивнат, од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е се уште активен и силен но во позадина на неколку места забележувам силна и густа чад.

Селото Будинарци е безбедно.
Околу 6.00 часот треба да започне интервенцијата на два македонски и два српски хеликоптери, а во текот на денот и големиот противпожарен романски авион.

Во борбата против пожарот ќе бидат вклучени и голем број пожарникари од овој регион како и пожарникарите од Словенија, Австрија и Бугарија.
Покрај нив учествуваат и екипи на Национални шуми, припадници на Армијата и Полицијата, ДЗС, ЦУК и голем број на доброволци од локалното население.
Голема благодарност до сите нив за покажаната пожртвуваност и храброст, напиша директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на фејсбук.

Поврзани новости