Пожарот се шири кон селата Тработивиште и Вирче, итна евакуација на жителите

by fokus

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, откако пред еден час апелираше да се евакуираат жителите на Нов Истевник и Стар Истевник, сега апелира и за евакуација на жителите од селата Трабитивиште и Вирче.

-Поради алармантната ситуација и ширењето на пожарот на кај с. Тработивиште и с. Вирче испраќам препорака за евакуација на жителите на с.Тработивиште и с. Вирче.

Апелирам до жителите да ја почитуваат препораката бидејќи не смее да се дозволи да се стават во ризик човечки животи!, вели градоначалникот.

Поврзани новости