Пожарот над Галичник ставен под контрола

by Фокус

Пожарот што попладнево избувна над селото Галичник е ставен под контрола, објави Месната заедница Галичник.

„Денеска интервенираа НП Маврово, Центар за управување со кризи, Противпожарните бригади од Дебар и Гостивар, амбулантно возило Гостивар, хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија, локално население и екипи и возила на Коњички клуб Шерпа. Вечерва во Галичник имаме гости – специјална единица на Армијата, кои се присутни за поддршка доколку состојбите станат критични и се појави потреба од интервенција. Посебна благодарност до нив!“ се наведува во објавата на фејсбук.

Пожарот над хотел „Неда“ е веќе комплетно угаснат,  а екипите интервенираат на делот кај далекуводите и се очекува брза локализација.

Поврзани новости