Пожарот кај Кракорница локализиран, се уште гори кај Попова Шапка и Маврово

by fokus

Многу пожари беснеат на територијата на Македонија, мошно невообичанено за овој период од годината. Во мавровскиот регион гори шума која е на непристапен терен, што е дополнителен проблем за екипите на терен.

Службите на ЦУК се зачудени за зголемениот број на пожари во овој период од годината.

„Пожарот што е над селата Кракорница и Бродец е веќе локализиран. Таму гори сува трева и пасишта. Пожарот кај Попова Шапка се уште е активен а исто активен е и во мавровскиот регион над местото Железна Река, кај манастирот Свети Никола. Таму гори шума на непристапен терен. Ова е изненадувачки голем број на пожари за овој период од годината“, истакна Надица Вчкова од ЦУК.

Поврзани новости