Пожарите во Грција прават хаос, еден пожарникар загина

by Fokus

Две лица загинаа, од кои едниот пожарникар, а најмалку 20 лица беа префрлени во болниците во Грција поради повреди, додека беше наложена дополнителна евакуација на населението.

Во земјата и натаму беснеат неколку десетици пожари, во кои изгореа голем број домови, фирми и земјоделски имоти. Пожарите се предизвикани од високите температури во Грција

Во предградие на Атина загина волонтер пожарникар, врз кој падна електричен столб. Најмалку 20 лица, од кои четворица пожарникари, се хоспитализирани поради повреди, а двајца се на интензивна нега.

Силниот ветер и екстремно топлото време ги попречуваат напорите на 700 пожарникари, локални жители и помошта од Кипар, Франција и Украина. Илјадници луѓе се евакуирани, а куќи, автомобили и фабрики се уништени.

Поврзани новости