Пожар во Тетово, повозрасна жена го загуби животот

by Fokus

Рано изутрината, околу 07:00 часот, во куќа во тетовското село Жилце избувна пожар во кој животот го загуби жена на околу 80 години, дознава Алсат.

Противпожарната единица интервенирала со два автомобила и седум пожарникари, но за жал жената била пронајдена мртва.

Полициската и обвинителската екипа пристигнале на местото на настанот, а огнот е веќе локализиран.

Поврзани новости